Skip to content

Запливај во морето од моите солзи – Никола Миланоски

  • by

Уште еден од оние празни денови

мрачен

помрачен дури и од ноќите

задлабочен поглед во твојата фотографија

ми ги растргнува мислите

од сè она кое не си ти,

ги испуштам криците од болка

што дланкиве

убоста твоја

ја немаат за милување

и нешто како да ми ја гори душава

ми натежнува

секоја солза по лицево што се тркала

неброена

како со брзање направиле море

искрени, љубовни машки солзи печат

за тебе болката не ја лечат

запливај во нив

како риба допливај во мене

онака златна

како во приказните

исполни ми го сонот

желбата

на љубовта со љубов да ми вратиш.

Никола Миланоски

Напишете коментар