Осамена душа сум оти те немам и кога те имам…
Вечен сонувач сум оти те сонувам и кога сум буден…
Повредена душа сум оти ти си раната која ниту еден мелем не може да ја излечи, освен ти.
Те сакам како никој до сега оти знам дека си мојата љубов, дека ти ќе бидеш последното име што ќе го кажам кога ќе умирам.
Животот е краток, но со тебе секој миг е незаборавен и траен.
Мечтаам за тебе и тоа не може да се опише со зборови.
Те сакам а не можам да те убедам дека тоа е така.
Ја отфрлаш мојата љубов и заминуваш кај други… Тие посилно ли љубат од мене?
Секое твое заминување ме убива бавно и силно.
Вукашин Ступар