Skip to content

„Записите за Џозефина“ (70)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Секој чекор добро ѝ беше одмерен,
секој чекор ја носеше поблиску
онаму каде што требаше,
онаму каде што припаѓаше.
Секој збор добро ѝ беше смислен,
секој збор го кажуваше
секој збор како што сакаше да ѝ го кажуваат.
Секој ден го почнуваше со позитивна мисла,
секој ден беше нов предизвик
за едно подобро утре
за едно прекрасно доживување.
Секоја ноќ ѝ се восхитуваше на тишината,
секоја ноќ заспиваше со мирна совест,
и тивко се молеше за најсаканите
и тивко знаеше да заплаче.
Секоја наликуваше на неа,
секоја се огледуваше на неа,
ама никоја не беше таа,
ама никоја не можеше да биде таа.
Секој понекогаш скришно ја погледнуваше
секој понекогаш посакуваше да ја допре,
ама таа му припаѓаше само нему,
ама таа не му припаѓаше никому.
Секоја ѕвезда потсетуваше на неа,
секоја ѕвезда една нејзина неисполнета желба,
а животот ѝ беше небо,
а животот ѝ беше роман.

Напишете коментар