,,Зарем не гледаш? Копнеам по тебе. Навистина не гледаш или се правиш слеп при очи? Немаш срце или навистина глумиш дека ништо не чувствуваш? Како имаш душа за да си играш со нечии чувства? Какв е тоа срце кое издржува, а да повреди друго срце? Што душа имаш?” праша.
Тој заниша со главата. Се насмевна. Молчеше.
,,Присутен си, а поотсутен си од било кога. Срцето не ти е со мене драги. Каде залутаа твоите чувста во кои се колнеше?
,,Копнеж”, промрмори тој. ,,Какво силно чувство мила моја”, рече и со прстите помина низ нејзината руса коса.
,,Зарем нема ништо да направиш во врска со ова?” зачудено праша таа и погледна во него со неверување.
,,Занеш дека јас не сум човек со емоции. Занеш дека јас немам срце да сакам мила. Занеш дека не ценам ништо во животот”.
,,Немој да ми велиш дека не цениш ништо во животот. Јас знам, јас знам дека ти имаш срце”, рече и го допре за градите. ,,Тука е. Чука. Го обожавам неговиот ритам. Но зошто нема храброст да покаже љубов?”
,,Така е тоа во животот драга. Не можеш така со чисти емоции”, колебливо рече како уште некој збор да му остана меѓу усните. ,,Но види. Ќе ти откријам една тајна. Ќе ти ја шепнам, а ти ќе ми ветиш дека ќе ја чуваш. Важи ли?” праша и се насмевна.
Таа кимна со главата.
,,Овој човек без емоции, се заљуби само во тебе. Јас имам емцоии само за тебе мила. Знаеш дека те сакам, но ако го покажам ова пред светот, уништен ќе бидам”, прошепоти и ја фати нејзината дланка. Ја доближи до усните и ја бакна.
Викторија Саздовска
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.