Skip to content

Дафне де Мориер – светски позната писателка

Дафне де Мориер, Лејди Браунинг била родена на 3 мај 1907 година, а починала на  19 април 1989 година. Таа била англиска авторка и драматург. Дафне е класифицирана како романописец, но, нејзините раскази се опишани како „расположени и резонантни“ со надградби од паранормалното.

За жал, во прво време нејзините најпродавани дела, не биле сфатени многу сериозно од критичарите. Нејзините романи за брзо време станале бестселери, со што Дафне заработила огромно богатство и слава. Дури и познатиот Алфред Хичкок има направено филмови според нејзините книги, со што ја направи една од најпознатите писатели во светот.

Освен “Ребека”, таа имаше големи успеси и со нејзините романи „Јамајка Ин“, „Мојата братучетка Рејчел“ и „Птици“. Исто така многу од нејзините романи успешно се прилагодени во филмови, вклучително и романите ,,Ребека”, ,,Мојата братучетка Рејчел” и ,,Jамајка Ин”, и расказите „Птиците“ и „Не гледај сега/не после полноќ“.

Романи

Мери Ана

Јарецот

Замокот Дор

Стаклерите

Летот на соколот

Куќата на плажата

Владеење Британија

Љубовниот дух

Никогаш повеќе нема да бидам млад

Напредокот на Јулиј

Јамајка Ин

Драми

Ребека – сценско прилагодување на нејзиниот роман

Годините помеѓу – драма

Септемвриска плима – драма

Напишете коментар