Денеска постојат многу луѓе коишто веруваат дека литературата не е важна или ги потценуваат нејзините способности да го издржи тестот на времето и да ни пренесе знаење. Постои стигма во општеството кое имплицира дека оној кој е насочен кон наука и математика некако ќе биде поуспешен во животот. Додека оној кој е насочен кон литературата и други форми на уметноста ќе работи слабо платени и незначајни работи. Колку и да е точно второто тврдење, сепак сметаме дека литературата отвара врати кон учење на минатото. Таа води кон проширување на знаењето и разбирање на светот. Во продолжение прочитајте ги шесте причини поради кои е важна книжевноста.
„Литературата е една од најинтересните и најважните изрази на човештвото.“
– П .Т. Барнум
1. Проширување на хоризонти
Прво и најважно, литературата ни ги отвора очите и нè тера да гледаме подалеку од моменталниот видик. Ни помага да го разбереме светот надвор што нѐ опкружува. Почнуваме да учиме, да поставуваме прашања и да ги градиме нашите интуиција и инстинкти. Ги прошируваме нашите умови.
2. Градење вештини за критичко размислување
Кога читаме ние учиме да погледнеме помеѓу редовите. Се учиме да бараме симболи, правиме конекции, наоѓаме теми, учиме за ликовите. Читањето ги проширува овие вештини, и почнуваме да гледаме на речениците со поголемо внимание. Ги сфаќаме подлабоко и ја разбираме важноста на скриените значења, и носиме заклучоци.
3. Скок во минатото
Историјата и книжевноста се во меѓусебна интеракција. Историјата не ни соопштува само за воените страдања и датуми. Таа зборува за луѓето што се производ на нивното време, со нивните лични животи. Денеска светот не е ни налик каков што бил во 15-ти век. Луѓето се променило целосно, има промени во сите сфери од живеењето. Без литературата ние не би знаеле ништо за нашето минато, за нашите предци, за луѓето што дошле пред нас и ја газеле земјата по која ние сега одиме.
4. Вреднување други култури и верувања
Читањето за историја, антропологија или религиски учења овозможува метод на изучување за културите и верувањата различни од нашите. Ни овозможува да ги разбереме искуствата на другите системи на живеење и “светови“ различни од нашиот. Добиваме подлабок приказ во внатрешниот свет, лично гледиште и увид во умот и сфаќањата на некој друг. Можеме да учиме, разбереме и вреднуваме.
5. Подобри вештини за пишување
Кога ќе отворите книга, вашите очи ги читаат зборовите и вие го сфаќате нивниот контекст. Дали се запрашувате себеси: “Како личноста го замислила и напишала ова?“. Многу автори, поети, драмски писатели ја користат литературата за да го подобрат нивното пишување.
6. Обраќање кон човештвото
Секоја литература, без оглед дали се работи за поеми, есеи, новели или кратки приказни, помага да се доближиме до човечката природа и условите што влијаат кон сите луѓе. Пишаниот збор доведува до раст, и со негова помош ние ги разбираме подобро нашите стравови, потреби и подобро ги сфаќаме луѓето. Учиме дека тие несовршености не се секогаш лоши и нормалното може да биде досадно. Учиме дека неопходно е животот да се живее во потполност. Ни треба литературата за да се поврземе со нашата сопствена човечност,
Литературата е неопходна и важна. Овозможува раст, го зајакнува умот и ни дава можност да мислиме надвор од кутијата.
Прочитајте зошто е важно читањето книги!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.