Антон Веберн (3 декември 1883 – 15 септември 1945) — австриски композитор и диригент. Тој бил член на Втората виенска школа. Како студенти и истакнат следбеник на Арнолд Шенберг, тој станува еден од најпознатите претставник на додекафонијата. Неговите иновации кои се однесуваат на шематската организација на висината на нотите, ритмите и динамиката се пресудни за музичката техника подоцна позната како тотален серијализам.
Творештвото на Веберн се состои од само 31 композиција. Неговото влијание врз композиторите од пост-воената авангарда и музичките развои во Европа и Америка се огромни.
Музиката на Веберн доживува промени низ текот на неговиот живот. Најчесто се карактеризира со многу сурови текстури, каде што секоја нота јасно се слуша, внимателно избрани тимбри, кои често резултираат со многу детални упатства за изведувачите и користење на проширени инструментални техники, широко-опсежни мелодиски линии, често со скокови поголеми од октава, како и кратко времетраење како Шест Багатели за гудачки квартет (1913), којшто трае 3 минути.
Раните дела на Веберн се во касно романтичарски стил. Истите ниту се издадени, ниту изведени за време на неговиот живот, иако денес често изведени. Меѓу нив се издвојуваат оркестарската симфониска поема Im Sommerwind (1904) и Langsamer Satz (1905) за гудачки квартет.
Слушнете ја во продолжение оркестарската симфониска поема Im Sommerwind која тој не успеал да ја издаде и изведе додека бил жив.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.