Skip to content

Роденден му е на блогот!

Славиме 3 годинки. Пораснавме многу изминатиов период, направивме промена во насловот на блогот, па од „Светла точка во мракот“ сега сме „Крајбрежјето на два спротивни светови“ се обидувавме да бидеме активни колку што ни дозволуваше времето, но целата посветеност и работа придонесуваат за постојано зголемување на бројот на читатели и нивно уважување на нашата работа и верност. Ние сме многу мал тим, кога викам мал мислам на две личности кои се многу блиски, а се сосема различни светови. Последните неколку месеци ја имам неа како засилување, а претходните две години работев сосема сама и со гордост можам да кажам дека кога нешто те исполнува уживаш работејќи го, макар немала никаков профит од нештото. Не пишуваме за слава и за популарност, пишуваме за своја душа и ова е местото каде што нашите дела оживуваат и остануваат да бидат прочитани и ценети од верните читатели.
Не пишуваме за да имаме некаква добивка или некакво признане, освен секако задоволството кое само по себе е најголема придобивка, а признанието си доаѓа само по себе кога некои пријатели или колешки ќе те пофалат и ќе ти упатат коментар дека многу им се допаѓа тоа што го правиш.
Продолжуваме да бидеме присутни во вашето секојдневие, зошто Крајбрежејто на два спротивни светови е наше секојдневие!
Нека е честит роденденот. 🙂
3-year-anniversary.jpg

Напишете коментар