Повторно издигнување
Пак паѓаш.
 И повторно стануваш.
 Во немоќта на сопствениот збор
 се гушиш и снемуваш воздух.
 Во длабочината на сопствените мисли
 потонуваш и се давиш.
 Во сржта на твојата душа
 лежат емоциите закопани длабоко.
 Во јасноста на ситуацијата
 наоѓаш парадокс.
 Во чистотата на музиката
 се измиваш и лекуваш.
 Во бесмисленоста
 наоѓаш одговор,
 во нихилизмот – севкупност,
 во севкупноста – празнина.
 И повторно се раѓаш.
 Во сопствената кожа
 стануваш сосема свој,
 а се чуваш само за едно:
 да бидеш вистинскиот ти.
 Во канџите на лагите
 ја наоѓаш правата вистина.
 Во сплетот на случки
 јасно го гледаш расплетот.


Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.

