Skip to content

Приоритетен упат – Виктор Кадинец

  • by

Те погледнав, колку да те здогледам.

Да си го спуштиш погледот,

кога ќе ме видиш.

Немој поинаку.

Малку да бидиш, будност.

Повеќе да ти заигра срцето во комората

за спиење во која си затворена,

еден пулс да ти удри,

во тие вени на рацете,

да те напни,

да те запни,

да поживееш,

оживееш.

Коморите од срцето да ти ги затоплам,

пулс лева, пулс десна комора,

да ти дојди малку топличко кај што ти е најладничко.

Па здогледај…

Па ако ме видиш, таму негде далеку.

Дојди, поздрави се, не се срами.

Ако видиш дека јас итам кон тебе.

Бегај, да не те намирисам со плавилово.

Па бегај…

Биди земен здив, без воздишка.

Биди замислен поглед, без клепкање.

Биди галоп, без потковица.

Биди суварка, во очите на еским.

Биди прашање, без одговор.

Па воскресни…

Никој нема да живее, толку долго

освен твојата двоумност во мене.

Она која умира и воскреснува.

И во нас се раѓа.

Па замисли се…

Всушност, јас сум многу лоша идеја.

Можеби од онаа последна генерација

која играше боса надвор,

која ја бркаа со крешникот леб за да јади.

Всушност кој сака лоши идеи.

Лошата идеjа е сериозна, никогаш не научила да лажe.

Кој сака вредности, такви невредни.

Па буууу, исплаши се….

Јас со љубов, ти со страв.

Па тресни на масата силно,

зграпчи го перото јако,

разбуди ја самовилата гладна.

Демек крик од збор напишан, недопишан,

како  симфонија од харфи,

во ритамот на пулсот

во поројот на мисли.

Ете те разбудив и замолкна со својата немоќ.

Немоќ да љубиш.

Па те погледнав…

Па ме погледна…

Па така…

Се нашле двајца слепци во љубовта

и тргнале до најблиската оптика.

… и веднаш потоа со приоритетен упат,

до најблискиот парк,

да се бакнат.

Виктор Кадинец

Напишете коментар