Понекогаш ќе клепнам со очиве и ќе замижам силно,
чисто колку да видам дали ќе се појавиш пред мене.
Понекогаш и утринското кафе го пијам на екс,
за да го забрзам времето кое се троши,
како трошки од бајат леб.
Понекогаш грбов ме боли толку силно
што ми иде да запливам на маратон,
да ме здоболи повеќе.
Понекогаш се будам среде зори,
се покривам со ќебето на балкон
и цигарата ја будам или таа мене.
И така понекогаш ќе ми дојде да мислам засекогаш,
како брод на пристаниште кој никогаш не запловил,
кон својата љубов.
Незакотвен, само врзан со танок конец.
Понекогаш ми иде и конецот да го скинам,
ама упорно те чекам.
Кога понекогаш ќе ти стане засекогаш,
времето нема логика.
Се будиш, стануваш, легнуваш,
заспиваш и чекаш, засекогаш.
Виктор Кадинец