Skip to content

И љубовта има инфаркт – Виктор Кадинец

  • by

Јас те доживувам,
ти ме преживуваш.
Ти падната си како поглед,
избезумен, скаменет, рамен,
без тектонски движења,
стаписана,
со плач за санација.
Јас ете така, како лава,
еден момент во мисли, па во срце.
Па како судар на вода со лава,
се жигосуваме за навек,
со белегот, без лелекот.
Испаруваме, па се впиваме,
се очекуваме.
Р’тиме, бавно како инфузија.
Ти жиг, во десна преткомора.
Јас жиг, во лева преткомора.
Како едно срце, спремно за бајпас.
Гледаш и љубовта има инфаркт.

Виктор Кадинец

Напишете коментар