Не знам што потрошив,
зборовите или мислите.
Неизустените или непомислените.
Знам само дека нижам листови.
Ми иди да ја тетовирам мислава,
на челото на вистината и да ѝ свикам:
“Сега доволно ти е”.
Оти можам уште,
додека не проговориш:
“Во право беше”.
Па да те ставам на кантар и да ти речам:
“Тежиш онолку, колку што веруваш”.
За да изустиш во последен момент:
“Чекај, верувам”.
А дотогаш, да си помолчиме.
Така најмногу кажуваме, сè.
Виктор Кадинец