Кога би знаеле Зборовите
како се влегува во мудроста
како се излегува од чистилиштето
кога би знаеле како да дојдат до Тајната
како се освојува последната Вистина
како да се најде светлината
Во светите стихови
како се бара клучот
не би го отворил Молитвеникот
не би влегувал во Животот
во сонот, во мигот, во векот
како градинар кој ги скротува
пресилните Слова…
Извадок од „Граници во сонот“ (2017)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.