За тоа како размислувал филозофот, филолог, есеистот и композитор Фририх Ниче може да се дознае од неговите познати дела „Антихрист“, „Така зборуваше Заратруста“ итн. Меѓутоа она што би можело да се каже дека е за нијанса поинтересно и покорисно за тие што се занимаваат со пишување, може да се дознае од неговите 10 правила за писателите.
Овие 10 правила Фридрих Ниче ги запишал во дописот кој го водел измеѓу 8 и 24-ти Август 1882 година со својата голема љубов Лу Андреас-Саломе.
Отворената врска на Саломе и Ниче
Саломе била филозоф, феминистика и интелектуалка со руско потекло. Нејзиниот начин на живот бил доста невообичаен за жените од тој период, што се огледува и во односот со Ниче. Имено, таа, Ниче и Паул Ре одреден временски период живееле заедно во некој вид братска заедница. Иако Ниче и Ре имале нескриени емоции кон нејзе, Саломе цело време кон нив искажувала исклучиво платонска љубов и однос заснован на интелектуални сличности.
После одреден период Ниче станал револтиран мислејќи дека Саломе не го сака бидејќи не му ја возвраќала љубовта на начин на кој тој посакувал. Тогаш го прекинал односот со нејзе откако го наговорила неговата сестра. Покрај таквото негово песимистично мислење за Ниче кое го напишала Саломе во есејот после прекинот на нивното пријателство се забележува дека таа пишувала со љубов и почит кон неговото дело.
Таа во целост ги пренесла неговите 10 правила за писателите, а ние ги споделуваме со вас.
1. Од најголема важност е живоста: стилот треба да биде жив.
2. Стилот треба да се прилагоди за одредена особа со која сакате да комуницирате (Закон за меѓусебни односи).
3. Прво, пред да се почне со пишување мора точно да се одреди: „што и како сакам да кажам и да претставам“. Пишувањето мора да биде мимикрија.
4. Бидејќи на писателот му се недостапни говорни средства тој генерално мора да ма многу изразен модел за претставување на потребите во спротивно пишаната копија ќе биде многу бледа.
5. Богатството на животот се открива низ богатството на гестовите. Човекот мора да научи да почувствува сè – должината и забавувањето на речениците, интерпункција, избор на зборови, паузирање, редослед на аргументи низ гестикулирање.
6. Бидете внимателни со точките! Само оние луѓе кои долго говореле во еден ден имаат право на точки. Кај повеќето луѓе точката е дело на афектирање.
7. Стилот треба да докажува дека некој верува во идејата; не само да мисли на неа туку и да ја чувствува.
8. Колку се поапстрактни вистините за кои се подучува толку повеќе сетилата мора да се измамат.
9. Стратегијата на добриот писател на прозно дело се состои во изборот на средствата повеќе да се приближува кон поезијата, но никако да не премине во поезија.
10. Не е добро ниту паметно на читателите да им се скратат објективните приговори. Добар и многу паметен начин е да се остави читателот сам да ја одгатне суштината на нашата мудрост.
Освртот на Саломе за стилот на Ниче
Под листата со правилата, Саломе го изразува Ничеовиот стил во светлото на неговите афористични склоности.
Таа пишува: „Испитување на причините и последиците на Ничеовиот стил значи многу повеќе од испитување на суштинските форми низ кои се изложени неговите идеи. Пред да можеме да ги слушнеме неговите внатрешни гласови. Неговиот стил се создал низ волјата, ентузијазмот, пожртвуваноста, трошење на големиот уметнички талент и обидот да се пружи знаење низ лично нијансирање кое е одраз на душевна возбуда во преврат. Како златниот прстен, секој афоризам цврсто е опкружен со мисли и емоции.
Ниче, така да кажам, креираше нов стил во филозофска пишана форма кој дотогаш беше формулиран во академските тонови или брзата поезија. Тој креираше личен стил. Не само што го совладуваше јазикот туку исто така ги надмина неговите недостатоци. Она што беше немо, постигна голем одек“. Ниче не го совлада само јазикот туку ги надмина и неговите недостатоци“.
Иако е неоспорен значајот на овој филозоф и натчовек, прашање е дали без оваа жена воопшто би можело да се прочита за начинот на кој тој размислувал додека ги пишувал своите познати дела. И речиси сигурно дека без приказната која го следи односот на Ниче и Саломе, како и без нејзиниот осврт полн со почит кон неговото пишување, овие правила за нијанса ќе делуваа помалку занимливо.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.