Skip to content

Извини грешко, сега ти ќе учиш од мене!

erase

Грешници сме, грешиме и ќе грешиме. Тој што ќе рече дека никогаш не згрешил, ќе излаже. И ако излаже за тоа прави уште поголем грев – се лаже себе. А, од тоа да се лажеш себеси нема поголема штета. Поголема грешка од тоа да простиш некому, а себе да не си простиш не постои! И така велам, грешки имам направено еден куп и не се срамам да го изјавам тоа. Кој нема направено? Ама викаат од грешките се учи најдобро, а уште подобро од туѓите. Моите грешки се лично мои, последица на моите одлуки и понекогаш од моите „непромислени“ постапки, па така никој не може да ми суди за нив. Ако се учи од грешките, тоа значи дека колку повеќе грешки правиш толку повеќе „знаеш“? Стануваш мудар со секоја поука која ќе ја извлечеш после тоа ако знаеш да процениш внимателно и ако си ја признаеш грешката. Но, сега време е за промена на улогите! Од денеска одлучив наместо јас да учам од неа, грешката ќе учи од мене. Како? Едноставно. Ама не може да се објасни и убаво да се долови преку збор. Тоа ти е нешто како мистицизам, но целта е да постигнеш не само замислена, туку вистинска утопија! Хармонија со себеси и со другите околу тебе зошто доста е за грешки, време е грешките да се плашат од тебе. Следен пат пред да се обвиниш дека си направил грешка, помисли дали можеби вината ќе ти помогне во нејзино надминување.

Напишете коментар