Ќе прочиташ што сум ти премолчил,
и она што не смеев да ти го кажам,
а многупати сакав,
но не успеав.
Ќе прочиташ колку те има во нив,
и колку не можам тоа да го сокријам,
ама ме издаваат,
посилни се од мене.
Те издава гласот дека слаба си на мене,
а не сакаш да признаеш,
како мене очите што ме издаваат
кога ми читаш од нив.
Те издава погледот кога го бараш мојот,
колку погледи си пропуштила
за мојот да го најдеш,
за твојот да го видиш во него?
Во очите имаш пламен,
а јас во моите чувам искра
што го предизвикува,
без ти да забележиш.
Ми ја читаш тагата
секој обид да ја скријам е безуспешен,
ама не ме издаваш,
само затоа што очите ме издале.
И не ми признаваш дека знаеш,
затоа се обидуваш со твојата светлина
да ја испиеш тагата што ја читаш
за да не се врати повеќе.
И ме правиш жив,
дишејќи покрај тебе дознавам
зошто живеам,
сега знам.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.