Патуваш, а стоиш во место,
доживуваш виртуелна реалност,
а од сегашноста се отуѓуваш
станувајќи далечен за блиските,
а поблизок за далечните.
Патуваш, а не правиш ни чекор,
опкружен си со безброј информации,
а од нив повеќе од половина не ти се потребни
станувајќи примач на податоци
сѐ помалку време ти останува да ги обработиш.
Патуваш, а седиш,
роб на сопствениот мобилен,
заробен во сопствен свет
стануваш ограничен,
а мислиш дека си безграничен.
Светол екран место квалитетен сон навечер,
исто пак, место утринска прошетка наутро,
бројот на пријатели е поголем внатре во екранот
а, мал е бројот на вистински надвор од него.
Тешки одлуки, а лесни начини,
ама кој да ги донесе,
кога потешко е од ништо да направиш нешто
па чекаш на готово и тогаш гадно си згрешил.
Тешки одлуки, а навидум лесен живот,
чиниш сѐ повеќе се олеснува,
а како да станува потежок
без да го забележиме тоа.
Зошто сме навикнати на промени
и сега нормалните работи се чудни,
а тотално чудни работи се нормални
и ти се прилагодуваш помалку збунето.
Зошто од промените се плашиме,
демек бевме навикнати на нив,
никој нема храброст да признае дека се плаши
и се адаптира на толпата.
Следејќи некои авторитети
и повикувајќи се на идеали
уште повеќе се вплеткуваме во канџите
на денешницата,
на роботизацијата,
на лажните ветувања
мечтаејќи за посакувана утопија
која се ветува,
која се посакува
и навидум се бори за неа,
а се постигнува спротивното.
Кога оружјето ќе го замениме со цвеќе
и кога револуцијата ќе биде знак на мир
придонесувајќи за општо добро на сите
тогаш да ми зборуваш за успех.
Кога гневот ќе го отстраниме од корен
и кога злобата ќе престане да постои
изгледа ќе престанат да постојат и луѓето
што претставува тажна вистина.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.