Не сум ти јас човек за поезија,
во моментов можам да ти напишам само Елегија,
со тага извезена,
од душа, низ пукнатини излезена.
Елегија,
ама не Елегија за тебе,
ќе ти напишам јас Елегија за себе,
во која душата црна ќе ја излејам,
во која тагата на срцето ќе ја испејам,
во која темниците темни ќе владејат
во која и гавраните ќе пропејат.
Елегија, Елегија, Елегија за себе,
Елегија од тага по тебе,
Елегија, жалост по животот чуден, Елегија, тажаленка по умот изгубен.
Не, не сум јас човек за поезија,
дајте ми перо да напишам Елегија
солзи да потечат врели,
образи да зацрвенат бели,
раце да затресат силно,
да потсетат на она што веќе не е, а било.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.