Skip to content

Песна за една Милена (Милена генерацијо)

Иако родена во 2000 – та растев со Екс – Ју музика. Една од моите омилени песни беше ‘Милена генерацијо’.

Безвременска песна која со секоја своја нота, со секој свој стих ме обземаше и носеше во некои поедноставни времиња. Не би рекла во минатото, туку повеќе во некој си паралелен универзум каде што секој си ја добива својата совршена приказна. “Милена генерацијо” припаѓа на легендарната група Нови Фосили, а само пред неколу години, сега веќе починатиот Рајко Дујмиќ јавно проговори за инспирацијата.
Милена (медицинска сестра од Гевгелија) ја запознал во Херцег Нови. Развиле прекрасно пријателство и по еден од нивните долги разговори Рајко ѝ кажал „Знаеш што? Ти ќе завршиш во песна.“ На што Милена само се засмеала не сфаќајќи го сериозно. Години подоцна кога групата Нови Фосили доаѓа во Гевгелија, Милена заедно со своето семејство е присутна на концертот и токму во оној момент кога започнува изведувањето на ” Милена генерацијо” околу неа се палат прскалки и така се крунисуваат и песната и музата.

Прекрасно нели?

Ако не ја знаете или пак сте ја подзаборавиле песнава, слушнете ја и разубавете си ја вечерта.

https://youtu.be/jSouEC8BFuI

Напишете коментар