Студ.
Ѝ студи на душава,
а надвор лето.
Кутрата жедна е за топлина,
некој да ја прегрне и да ја стопли.
Камења насекаде.
Дури и оние раце кај што гледаш цели светови,
се заледиле.
Зима насекаде, а ти бараш лето и кога го има.
Кога ти е ладно се обидуваш да се згрееш,
кога на душата ѝ е ладно, пекол е!
Пекол кој не топи ниеден мраз, а пак ти студи.
Бараш раце кои ќе те топлат и кога не ти студи.
Зошто душата веќе се уморила од лед,
а ти сѐ што сакаш е топлина.
Зошто се умори од чекање, затоа ти застуде.
Зошто ако почекаш уште малку,
сосема ќе заледиш.
И тогаш веќе нема назад.
Душата ќе се навикне на ладно,
ќе се стори коцка мраз.
И ќе те лади, ќе ги лади и другите,
а тебе нема веќе да те боли
зошто не ја чувствуваш.
Ќе ги боли оние кои носат топлина,
а сакале да ја умножат со твојата
пред да се стори коцка мраз.
Ќе се најде некој да го скрши мразот,
но ќе треба да поседува исклучителна способност.
Само да не биде предоцна.
Само да биде во вистинско време.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.