Станува збор за термин кој денес е толку чест што всушност е прилично тешко да се дефинира. „Жолт печат“ е термин кој се однесува на весниците (подоцна и на сите медиуми) кои се насочени кон сензационализам за да продадат повеќе примероци. Односно новини кои често манипулираат со податците, се служат со полувистини, многу повеќе користат фотографии, а единствена цел им е да го подигнат тиражот.
Дополнително на ова, терминот денес се користи во “погрдна“ смисла за да го осуди секое новинарство кое ги третира вестите на непрофесионален и/или неетечки начин.
Но, зошто баш “жолт“?
Најпрво лулка на жолтиот печат е Америка. Едно англиско списание во 1898 година напишало: „Не е секое американско новинарство “жолто“, иако современото жолто новинарство е строго американско“.
Терминот “жолто новинарство“ има врска со Џозеф Пулицер, основач на сензационалниот печат во Америка и престижната Пулицерова награда која и денеска се доделува. Сепак иако тој е еден од главните актери во приказната всушност тој не е творец на терминот.
Пулицер тогаш бил сопственик на „Њу Јорк Ворлд“, а Вилијам Рандолф Херст на „Њу Јорк Журнал“. До тогаш двата весници сфатиле дека со сензационални цртежи и бомбастични наслови се продаваат весниците, иако во новините и понатаму се обработувале сериозни теми, повеќе простор им дале токму на ваквите вести.
Компетитивноста помеѓу Ворлд и Журнал била сурова. И едниот и другиот весник по природа биле слични. Биле демоктратски новини, наклонети кон работиничката сила и имигирантите. И еднот и другиот во весникот вложувале огромни парични средства во своите изданија кои излегувале еднаш неделно и функционирале како неделни списанија.
Од “Жолт клинац“ до “Жолт печат“
Своевидната “борба во бројот на продадени примерцои“ беснеела со месеци. Пулицер прв ја забележал популарноста на стрипот и во 1896 годиена во својот весник почнал да го објавува „Жолтиот клинец“ – стрп за ќелаво дете во жолта ноќна кошула. Приказните за неговите авантури преку ноќ станале неверојатно популарни. На Ворлд му донесле пресврт во тиражот над Журнал.
Но, ни Херст не се предавал. Успеал да го наговори Пулицеровиот цртач Ричард Аутколт да премине во неговиот весник понудувајќи му поголема плата. Пулицер одговорил така што и понатаму објавувал стрп многу сличен на „Жолтиот клинец“ за да продолжи да се натпреварува со Херст, овозможувајќу му на градот “две жолти момчиња“.
Жолт печат благодарение на стрип каде главната боја е жолта
Самиот стрип е правен со помош на жолто мастило кое брзо се сушело со кое било фарбано оделото на главниот јунак. И така овие листови уредниците и новинарите на други “сериозни печати“ (со далеку помалку тираж) почнале да ги викаат “жолти“. Кога би се зборувало за нив се спомнувало едноставно вишок “весници со жолтото момче“.
Се верува дека самиот термин “жолто новинарство“ всушност го сковал уредникот на третиот популарен весник „Њу Јорк Прес“, Ервин Вардман, кој прв го објавил тој израз, но никогаш не дефинирал што мислел точно под тоа.
Прочитајте и дознајте како настанале машините за пишување.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.