Skip to content

Декемвриска ноќ

Декемвриска ноќ со загадочен поглед

Кој наликуваше на твојот

Кога ме погледна за последен пат,

Декемвриска ноќ со залутан немир

Кој го опседнуваше моето срце

И не сакаше да престане да чука,

Декемвриска ноќ со замаглена ава

Каде само очите твои ми беа светлина

И надеж за престојната пролет,

Декемвриска ноќ со тешко вдишување воздух,

Црнила во недоглед,

Со сончев очев сјај само во црнилата од твоите зеници.

Декемвриска ноќ

Кога само една твоја прегратка

Значеше живот

Декемвриска ноќ

Зошто

За мене секогаш

Е декември

А, ти, ти

Си мојот живот

како и секој магловит декември.

Напишете коментар