И не сакаме ние подобар,
ниту поубав,
ниту поенергичен,
ниту некој кој ќе нè направи посреќни.
Туку сакаме некој кој ќе ни биде доволен,
за да нема компаративи
или суперлативи во утехите,
за утехите да бидат сувишни
и за она “Ќе си најдеш подобар.“
да ја изгуби целосно смислата.
И не сакаме некој подобар,
туку сакаме некој добар,
доволно добар за да нè освои,
довлно лош за да нè изнервира,
доволно итар за да нè надитри,
доволно паметен за да нè направи зависни од него,
доволно забавен за ниту едни шеги
да не бидат смешни како оние неговите.
И не сакаме некој поубав,
доволен ни е поглед во кој ќе потонеме,
доволна ни е насмевка што ќе нè освои,
доволен ни е лик што ќе ни влее доверба,
доволни ни се образи што ќе може да ги штипиме,
доволни ни се раце што ќе нè прегрнат и
цврсто ќе нè држат,
доволни ни се усни чии вкус ќе нè отруе.
И не сакаме некој поенегричен,
доволен ни е некој кој ќе го држиме за рака,
кој ќе го скокоткаме понекогаш,
некој со кој што ќе можеме да лежиме цело пладне
еден до друг и да не си кажеме баш ништо
затоа што веќе знаеме сè,
некој со кој што ќе јадеме еурокрем и палачинки,
некој со кој што ќе се напиеме вино понекогаш.
И не сакаме некој кој ќе нè направи посреќни,
не, не сакаме таков,
сакаме некој по кој ќе копнееме,
некој од кого не ќе можеме да се разделиме,
некој кој со своето заминување
ќе ни нанесе болка и немир,
некој кој само со поглед ќе ни каже дека сме претерале,
некој без кој цел наш свет би ја изгубил смислата,
некој со кој ќе ни започнува
и ќе ни завршува денот.
И не сакаме ние подобар,
ниту поубав,
ниту поенергичен,
ниту некој кој ќе нè направи посреќни.
Туку сакаме некој кој ќе ни биде доволен,
за да нема компаративи
или суперлативи во утехите,
за утехите да бидат сувишни
и за она “Ќе си најдеш подобар.“
да ја изгуби целосно смислата.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.