Франсис Скот Фицџералд (24 септември 1896 – 21 декември 1940) бил американски писател кој пишувал романи и раскази. Тој важи за еден од најголемите автори во американската и во светската литературa на 20. век. Тој бил дел од тнр. „Изгубена генерација“, заедно со Ернест Хемингвеј и неколку други познати писатели. Фицџералд напишал пет романи, од кои еден е објавен постхумно, вклучувајќи го и неговото најпознато дело „Големиот Гетсби“. Исто така, тој е автор и на голем број раскази.
Родителите на Френсис Скот Фицџералд живееле во Сент Пол. По завршувањето на воената служба, тој доживеал тешки денови. Се борел да оствари материјална благосостојба и да ја добие довербата на родителите на неговата сакана девојка, Зелда. Објавувањето на неговиот прв роман му донесла слава и богатство, кои се зголемиле по објавувањето на романот „Големиот Гетсби“ во 1925 година. Но, паралелно со славата, Фицџералд постепено станал зависник од алкохолот.
Во 1925 година, тој и Зелда се преселиле во Европа, но неговата книжевна слава почнала да опаѓа. По неуспехот на романот „Нежна е ноќта“ од 1934 година, Фицџералд претрпел нервна криза од која долго време не можел да закрепне. По болеста, во 1937 година се преселил во Холивуд. Таму работел како сценарист, но повторно му се препуштил на алкохолот. Потоа следувале два срцеви удари и како последица на нив, умрел во 1940 година.
Творештвото на Фицџералд
Фицџералд се појавил на книжевната сцена по Првата светска војна, но на почетокот се борел да постигне книжевно признание. Откако издавачката куќа му го одбила неговиот прв роман, „Оваа страна на рајот“, тој го преработил во родителскиот дом во Сент Пол и во 1920 година се појавила преработената верзија на романот. Ова дело му донесло голема слава и богатство, а романот бил со воодушевување прифатен од американската публика.
Потоа, тој објавил бројни раскази кои, веднаш ја освоиле публиката како со својата книжевна вредност така и со актуелноста. Од овој период потекнуваат збирките „Фраерки и филозофи“ и „Приказни од времето на џезот“, романот „Убави и проколнати“ и една драма. Во 1925 година се појавило неговото најпознато дело, романот „Големиот Гетсби“. Овој роман му донесол уште поголема слава и богатство, а потоа се појавила збирката раскази „Сите тажни млади луѓе“.
Популарноста почнала да му опаѓа
Во 1925 година, Фицџералд заминал во Европа, каде се запознал со Ернест Хемингвеј (кој станал негов голем пријател) и со Гертруда Стајн, која го сметала за најталентиран од младите писатели. Во тоа време, на американската книжевна сцена се појавила социјалната книжевност, а Фицџералд, со неговата стара и неактуелна тематика (љубовта, разочараната генерација, тагата итн.) полека паднал во заборав.
Во 1934 година, го објавил романот „Нежна е ноќта“, кој се продавал многу слабо, како и една збирката раскази, која многу малку се продавала, но сепак, Фицџералд бил многу далеку од некогашната слава. Во 1937 година, заминал во Холивуд, каде прилично успешно се бавел со пишување филмски сценарија. Истовремено работел на својот роман „Последниот тајкун“ кој останал недовршен.
Вообичаено, Фицџералд е познат како „писател на ерата на џезот“, но погрешно е да се мисли дека тој само верно го сликал своето време. Во своите дела тој уметнички ја транспонирал епохата во која живеел. Притоа, за разлика од некои други припадници на „изгубената генерација“, материјалот од кој го создавал своето книжевно дело бил американски во вистинската смисла на зборот.
Во споредба со останатите писатели на „изгубената генерација“, Фицџералд имал силно изразен инстинкт за трагичните аспекти на животот и потреба да се идентификува со своите трагични јунаци. Затоа, тој живеел како ликовите од своите дела и изгорел побрзо од другите писатели на неговата генерација.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.