Празничниот дух е тој што ни влева надеж,
во нашето постоење и верба тој ја има целата доверба.
Прегратките никогаш да не се оддалечат,
добрите намери да се секогаш околу нас,
тие да нè доближат и зближат,
да владеат во нас.
Животот е дар од Бога,
да го подобриме со меѓусебна слога.
Направете некое добро дело,
постојат деца од СОС Село.
Тие се кревки, но зимата нема нив да ги скрши,
бидејќи сè уште постојат делата на добрите души.
Љубовта е таа што неизмерно дарува,
сечие срце го освојува,
во нејзините рамки сечиј свет опстојува.
Искрени желби на сите вас ви праќам,
со добра намера и среќен празник,
секоја година ќе ве сакам.
Магдалена Јованова