Песната припаѓа на збирката Галантни свечености (1869), односно таа е првата песна во оваа збирка. Во неа, Верлен опишува сцени на славење и забава, во празнична но и во тажна атмосфера.
Оваа поема добро ја покажува оваа двосмисленост. Поемата е составена од 3 кватрeни од десетерци. Не се знае до кого е упатена, но делува галантно и архаично со што потсетува на мадригал. Со тоа наликува на лирска песна со љубовна содржина.
Поетот ја идентификува својата душа со пејзажот, кој може да се идентификува како внатрешен, односно душевен пејзаж.
Песната е репрезентативна за естетската симболика и низ неа цело време душата е расфрлана и растрганата меѓу радоста и тагата. Двете маски на душата исчезнуваат и душата го враќа своето единство во смиреноста и природата, предавајќи се на чиста и длабока емоција.
Месечева светлина
Твојата душа е еден предел чуден
кајшто прекрасни маски и бергамаски
сворат на флејта со поглед студен
и играат слеани со прелаги и ласки.
За љубов славна и за животна сладост
тие пеат во мол лесен и се тешат
и не веруваат ни во својата радост,
песната со месечина им се меша,
со таа светлина волшебна и тажна
од која мечтаат редум и птиците појни
и од која плачат во екстаза блажена
сред мермери бели водоскоците стројни.
Препев: Паскал Гилевски
Клод Дебиси добил инспирација за своето дело Месечева светлина
„Месечевата светлина” е трет став од таканаречената Бергамска суита на Клод Дебиси, инспирирана од песна на Пол Верлен, а напишана во 1869 . Во првите стихови таа ги спомнува „бергамаскерите” – танцувачи на ритмичен танц карактеристичен за италијанскиот град Бергамо.
Слушнете ја во продолжение и уживајте:
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.