Оваа година се одбележуваат 25 години од лудилото наречено Покемон. Цртаната серија има релативно скромно потекло, од црно бела рачна игра. Пред 25 години Еж тргна во лов на покемони, така од обична игра, Покемон, прерасна во култна ТВ серија за деца.
Покемон живее и денес
И покрај изминатите години, заинтересираноста за Покемон не престанува. Нинтендо повторно ги објави оригиналните покемони, црвени и сини. Детската серија с è уште се емитува на ТВ екраните ширум светот. Авантурите на Еж и Пикачу не престануваат и истите се дел од филмското платно. Луѓето се опседнати со игрите со покемони. Иако веќе стар, Покемон е жив како на почетокот.
Името Покемон
Покемон не е јапонски збор. Можеби звучи јапонски, но името е доделено со цел да се освои западот. Во неговата родна Јапонија, Покемон се нарекува Pocket Monster, што има смисла. Покемоните се заробени во поке-топки, па можат да се чуваат во панталоните кога не се користат. Monsters Capsule бил еден од предложените наслови. Сепак, Нинтендо одлучил да го созаде зборот Покемон, кој стана одбележје на серијата.
Забранет во Саудиска Арабија
Покемоните нашироко се сметаат за лесна детска франшиза, но очигледно, не сите се согласуваат со ова чувство. Во 2001 година, највисокиот рангиран верски водач во Саудиска Арабија, Големиот муфтија, издаде забрана за целата франшиза на Покемон. Верскиот водач тврди дека франшизата промовира коцкање и цинизам.
Можеби се чини дека ова е изолиран инцидент, но бројни муслимански водачи го следеа примерот, сметајќи дека цртанот е несоодветен. Другите земји во кои се зборува арапски, престанаа да ги емитуваат сите тековни или претходни епизоди од цртаната серија „Покемон“. Сепак, ова најверојатно се должи на намалениот интерес на публиката, наместо на верските убедувања.
Ова може да звучи како прекумерна реакција на милениумската лудост, но верските водачи почувствуваа потреба да се справат со невидениот феномен. Всушност, бројни почитувани медиуми ја пренесуваа приказната што, папата во времето на основањето на франшизата, ја одобрил.
Религиозното прашање се појави уште еднаш кога заразната игра за мобилни телефони, Покемон Гоу стана една од најозборуваните приказни летото 2016 година. За среќа, сегашниот папа се чини дека ги одобрува и Покемоните.
Прочитајте за Астерикс и Обелик – јунаци од нашето детство.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.