Носеше фустан, разбрануван,
со матен поглед што беше слечен,
цветовите и китеа рамена…
со толчници, прав за живот вечен.
Трепереше како колибри, на музика од харфа
го пиеше тој меден рај од секоја строфа,
пловеше по подиумот како убава лаѓа,
без осет дека убавината нечестивост раѓа.
Омајани сите нишаа со глави..
како лалиња, отворени, некои без цвет
со листови во незнаење свиснати, празни
Стоеа без живост, без птичји лет.
А таа со убавина разбранувана
скриена од варвари
стои чиста….и Бога го моли..
Николина Ќорвезироска