Skip to content

„Капетановата ќерка“ – роман или приказна? (Прашање на анализа)

Жанрот на делото „Капетановата ќерка“ на Пушкин е тешко јасно да се дефинира. Некои критичари веруваат дека станува збор за приказна. Други го дефинираат како роман. Авротот сметал дека „Капетановата ќерка“ е опис со историски нарав и измислен наратив. Ние ќе се обидеме да одговориме дали „Капетановата ќерка“ е роман или приказна.

Синтеза на жанрови

Како што е познато, Пушкин обработувал различни жанрови. Меѓутоа, во ова дело, неговите пишувачки вештини се над поимањето на критичарите. Не може јасно да се одговори дали станува збор за роман или приказна.

Некои литературни критичари си се спротиставуваат еден на друг. Тоа го утежнува категоризирањето на „Капетановата ќерка“. Роман или приказна, ова дело може да биде романса, историско или семејна драма. Значи, ќе ги анализираме знаците на различните жанрови.

„Капетановата ќерка“ – пиказна

Голем дел од литературните критичари го дефинираат делото како приказна. Делото опфаќа кратка временска димензија. Можеби токму ова го прави ова дело приказна. Оние кои го делат ова мислење укажуваат на обичниот главен лик Петар и неговите дилеми. Ваквите ликови не можат да бидат херои на роман.

Точно е дека ова дело е многу пократко од вообичаените класични романи. Меѓутоа, неговиот карактер и малата наративна количина не го исклучуваат фактот дека ова дело е роман.

Историска природа на делото

Без сомнеж, „Капетановата ќерка“ има историска ориентација. Пушкин раскажува за времето во кое владеела Екатерина Велика, односно побуната која ја предводел Пугачев. Додека ја пишувал „Капетановата ќерка“, авторот завршил голема работа. Се запознал со историските документи, разговарал со преживеаните сведоци во тоа време. Макотрпно работел на ова дело. Содржина на делото не го доловува трудот на авторот.

Историскиот карактер на ова дело не дава одговор на прашањето дали „Капетановата ќерка“ е роман или приказна.

Дело со едукативен карактер

Ова дело има едукатвна природа. На почетокот на приказната, главниот лик е претставен како еден незнајко, племенито мало дете, разгалено од своите родители. На крајот на книгата тој станува вистински маж. Животот го сменува за многу краток период. Учи да се справува со опасностите и достоинствено да се носи со тешките ситуации. Значи делото „Капетановата ќерка“ има едукативен карактер.

Романса

Треба да се напомене дека линијата на љубовта е присутна во едно парче од книгата. Протагонистот се заљубува во Маша. Тој дури има и ривал. Меѓутоа романсата не е главна. Односот меѓу Маша и Петар е позадина преку која авторот доловува уште една карактеристика на главниот лик

Психолошки компоненти на делото

Големо значење, Пушкин му придава на внатрешниот дел на главниот лик преку неговите искуства, емоции, чувства. Внатрешните дијалози на Петар нѝ помагаат да ги сфатиме причините за неговите постапки и да ја процениме промената во неговата личност.

Внатрешните дијалози му помагаат на читателот да сфати колку главниот лик се менува од почетокот до крајот на приказната.

Но останува главното прашање. Дали „Капетановата ќерка“ е роман или приказна?

Мора да се каже дека точни се и двете сфаќања за ова дело. Тоа што опфаќа релативно краток временски период, ова дело го прави приказна. Но судбината на главниот јунак, историските настани се карактеристики на романот. Познато е дека Пушкин го напишал ова дело под влијание на временските случувања. Обидот да се погледнат провлемите во минатото и во сегашноста се токму оние делови што го дефинираат ова дело како роман.

Прочитајте зошто делото „Чекајќи го Годо“ се наоѓа меѓу надежта и ништожноста.

Напишете коментар