Јас сум човек. Моите раце допираат до небото толку високо што достигаат до Бога. Јас сум висок човек. Моите нозе ја допираат сувата земја распукана и без дожд. Моите очи се вперени кон небото и газат по облаците во од. Зрак светлина удри на стеблата и ги заниша листовите. Што предизвика тие да се наведнат до земи кога толку цврсто беа вкоренети во неа? На кого ли му оддаваа почит со својот длабок поклон? Трчав сè побрзо да одгатнам што ги придвижи стеблата. Што го допре моето срце и предизвика тахикардија?
Така дојдов овде и те видов со вкочанет поглед. Твоите гранки зборуваа со ветрот. Да не пречам?-помислив. Твоето стебло од кое извираше сета младешка цврстина и убавина допре до моите сетила. Чувствував мирис на животот, хлорофил и фотосинтеза. Но, го почувствував и трулиот мирис на земјата потсетувајќи ме дека крајот е близу. Сноповите светлина околу твоето стебло затреперија во моето срце кое се отвори. Те љубам.
Нашите стебла се испреплетоа. Ќе го земам целиот бол кој твоите корења го впиваа од светот и ќе го положам на своите жили. За тебе. Кората ќе биде негибната, ќе јадам сонце и ќе пијам дожд. А сенката ќе му ја поклонам на светот за да го спасам од изгорот. Додека црвот ми ја јаде срцевината.
Огнен Коцевски