Урош Петровиќ познат е како писател на книги за деца и млади кои ги “размрдуваат виугите“ и ги поместуваат границите во современата литература. Исто така со д-р Ранко Рајовиќ го создале таканаречениот НТЦ системот на учење, посветен на работата со воспитувачите, наставници и родители на развивање на дарбите кај децата и подобрување пристапот кон образованието.
Во продолжение ги споделуваме најинспиративните мисли кои можат да им бидат од корист од корист и на родителите и на оние што работат со деца.
1. „Сè што ќе направите наместо своето дете, сте го направиле против него.“
2. „Уважувјате и поддржувајте ги воспитувачите и наставниците, тие ги определуваат најважните стази.“
3. „Претераното заштитување е право насочено против децата, бомба со одложен, но долготраен ефект.“
4. „Ако пристапувањето на градивото не е воошто занимливо, образованието не се случува. Во спротивно, нема граници во тоа колку брзо и успешно детето може да го совлада материјалот.“
5. „Детската љубопитност е неограничен извор на обновлива енергија. Умееме ли да го придобиеме за посакуваните цели и таа моќна сила да се искористи за напредок?“
6. „Откривањето е поважно од откритието. Моментот на откривање на правиот одговор не е ни блиску толку важен колку патот до него.“
7. „Ниеден период до шестта година не се сфаќа примерен за сериозно образование, а тој е најважен. Тогаш детето се образува преку игра.“
8. „Кога играта ќе запре, сè останато губи боја. Мислам дека оној кој престанува да игра, без оглед дали работи како претседател на државата или шумар приправник, има голем проблем.“
9. „Само еден вид интелигенција не значи многу. Многу се важни и другите видови интелигенција, а ги има многу. Што значи една совршено наштимана жица на гитара? Ако останатите се лоши, акордот звучи неподносливо.“
10. „Парадоксално, во време на експанзија на ЗД технологијата, авантурата на израснување на децата се сведува сè повеќе на 2Д, на екрани. Ние имавме 3Д детство, екраните тогаш беа ограничени. Аналогија, можеби ова денеска е ограничено детство!“
11. „Нема исчекор без дадена можност тој да се направи и нема големи авантури без првиот чекор.“
12. „Најголемата авантура која може да се случи е онаа која се случува во мозокот. Детето кое не чита во раното детство во пониските одделенија во основното школо, нема да има богат речник. Детето кое нема богат речник нема да може да извршува многу занимливи и убави професии во животот.“
13. „Она поради што сум тажен е што децата денеска имаат многу малку игри надвор што ретко гледам повредени колена, исчезнуваат старите игри…Детете кое не оди по работ на тротоарот нема да развие центар за рамнотежа, детето кое е целосно заштитено нема да напредува.“
14. „Возрасните имаат многу повеќе образование и исксутво, но имаат многу помалку фантазија и храброст.“
15. „Јас не сум против тоа децата да се запознаат со компјутери и технологија, но умереноста е една голема вештина и доблест. Половина час до 45 минути – е најмногу што детето смее да стои пред екранот.“
16. „Да се занимаваш со своето дете – може ли на попаметен и посмислен начин воопшто да го поминуваш времето? Не постои поважна работа од занимавањето со децата.“
17. „Еден час играње видео игрици – тоа е неколку илјади чекори помалку. А секој чекор помалку кој детето ќе го направи е губиток за развој на мозокот.“
18. „Мозокот разбира само еден јазик – она што детето го прави. Детето со својата активност му комуницира што да развива.“
19. „Ние како родители се кршиме децата што брзо да проодат и да прозборат, а тогаш ние им зборуваме – молчи, седи и биди мирен.“
20. „Сè во животот вреди токму онолку колку што си се помачил до тоа да стигнеш.“
Прочитајте и на кој начин да не се одгледуваат мали нарциси.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.