Измолен од Бога за утеха и надеж,
за спас и помош!
Даден на личности без маани,
со мил збор чиниш ангели.
Некој сепак го заслужил!
Во летната долгоденица, кога сонцето највисоко свети,
универзумот ја излива својата милост.
Молитвите се услишани!
Секогаш со мисла кон светлината,
војник на љубовта, надежта и радоста!
Напредуваше тој во своето спознавање на светот!
Секој ден нов светоглед.
Некогаш прашања!
Некогаш воодушевувања!
Очи светли како ѕвезди во ноќта!
Бог се премудро создал.
Создаден во љубовта, со љубов и за неа!
Органски не ги поднесуваше спротивностите!
Воспитуван во лицето на правдата, многу мудри луѓе
го даваа најдоброто од нив и
несебично ја создаваа иднината светла!
Поинаку и не можеше!
Мајката природа сепак е најсилна.
Лета поминаа доста и зими се редеа во низа.
Стана маж со сите одлики!
Го спозна и возљуби и творецот свој.
Беше свесен дека ништо не е случајно,
сè си има своја причина.
Спозна многу тајни и изоде пат трнлив и долг.
Помина пречки рој.
Стопли срца на многумина, а неговото само грст луѓе!
Чекореше храбро, чекореше смело!
Животот му беше секојдневно нова авантура!
Секојдневно му се појавуваа случки вредни за почит.
Тоа беа лекции кои го водеа до целта.
Немаше застој за неговата стапка!, храбро и смело
целите се нижеа во низа.
Но имаше прашалник!
Знаеше дека има нешто повеќе за него универзумот!
Едноставно чувствуваше!, се подготвуваше!
Најсветло утро меѓу сите!
ИЗГРЕЈСОНЦЕ
Никогаш невидено и светло.
Верно го чекаше!, секогаш спремен!
Ретка билка