Страшна виулица
чиниш небаре
носи сè пред себе
руши сè
Какво време
Вистинско невреме
Погледот шара
во недоглед
Ги пружам рацете
долги, многу долги
но немоќни
Не можат да ја сопрат
страшната виулица
Лошо време
Лоши мисли
Во луѓето бреме
кое носи невреме
Во луѓето лицемериме
Во луѓето злоба
Додека тонеш
некој се радува
Ти си на врвот
друг ти ја руши скалата
на која едвај си се искачил
Аман луѓе
Аман нелуѓе
Каде е човечноста?
Што ја претвори људкоста
во нем набљудувач?
Злото доминира
Лакомоста победува
Писменоста се губи
Дипломите немаат вредност
Тонеме во доминантност на ниските вредности
Лошо време
Лошо невреме
Дали некогаш ќе престане
оваа страшна виулица
Дали оваа улица
во мојот недоглед
ќе го дочека изгрејсонцето.
Сузана Божиновска