Skip to content

Четириесет маченици

Кога немам време, пишувам

Ги бројам чекорите кои ги чекореше

До четириесет маченици

И ќе напишам четириесет песни

Ќе ги опеам горе на ридот

Ако ме слушнете или ако ме видите

Како зборувам со планините

Тоa се само моите  песни кои ги пеам

Моите стари познанички,

Моите ластовици кои ги пуштив на југ

Но, тие пак доаѓаат

Да ја отпеат својата стара песна

И, се чини секоја година  нова песна сакаат

За да се откорне, да се откине

Под ова небо

И секоја година нова песна пресоздаваме заедно

Помала и поголема од нашата љубов

И  ја носат

Со нивните крилја на ридот

Да ја пеам,

Зошто

Нашата љубов не згаснува,

Таа секогаш се враќа

Како преселбата

На  ластовиците преселници.

Напишете коментар