Врата и чад
Бесмислена игра на оган
Ползавец од ненадејности
Миг во сегашноста
Неспокој за иднината.
Дали пламениот јазик
Има уста?
Дали може да ме проголта
За миг?
Имам водени очи.
Се влеваат во зеленилото
На шумите.
Некогаш ми викаат дека се зелени
Како горите на Шара.
Но, толку лесно впиваат оган.
Од сечии очи,
Од сечиј збор.
И чад, магловит чад.
Толку малку е потребно
Да изгорат.
Исто како
Горите на Шара.
Поминувам низ маглините,
Но, очите уште горат.
Поминувам низ сенките,
Вдишуваат погледи.
Поминувам низ универзумот.
Таму, сé е очи.
Сите горат
Како ѕвезди на небото
Но, нема да згаснат
Моите очи
Таму се,
Засекогаш.
Те поздравуваат од небото,
Погледни кога се будиш
Погледни кога легнуваш,
Моите очи
Те откриваат
Моите очи
Те заспиваат.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.