Знаеш
Оние што решиле од нашиот живот
Да си заминат
Да најдат некој нов
Небаре подобар од нашиот
Никогаш не заминуваа кога спремни сме
Го правеа тоа кога највеќе во нив сме сигурни
Небаре тоа како да беше граница кога ќе треба да ја поминат
И да си заминат
Ние во нив сигурни
А тие ете веќе заминати.
Смртта никогаш не ни доаѓаше
Кога смисла вистинска сме му дале на животот
Кога сме се изнасакале
Кога сме се изнасмеале и изназборувале
Кога алишта за смрт своја сме си приготвиле
Да не заминеме голи ко од мајка само што родени
Ниту пак облечени ко самовила
Ко невеста на своја венчаница
Во излитена свила тенка
И смртта небаре нѐ гледа
како легната монахиња тогаш
Со крст на гради кладен
На грб легнати
И ко да прошепнуваме:
,,Аман Боже, земи ме сега!”
И те зема замисли
А уште толку многу си имал што да направиш
Уште толку лица да прегрнеш.
Оние по коишто срцето ни тажеше
Никогаш не доаѓаа во оној час кога ни недостигаа
Никогаш не тропнуваа на нашата врата
кога море од солзи за нив пролевавме
Небаре сетиле дека внатре потоп е
Чиниш ја отвораш вратата а пред нив одеднаш езеро е
Езеро на мачни солзи твои
Та ќе се удават
И тие со своето тука ќе си завршат
Од тебе свршен животот ќе им стане
Душа своја ќе им потоне баш во нив
И не доаѓаа ни кога сакавме да ги помилуваме
Да им кажеме дека со нив само најсреќни сме
Да си замислуваме заедно пат нов заеднички
И доаѓаа замисли кога времето ќе ни ја земеше
Волјата
Желбата
По нив
И
За нив.
Твојата најголема љубов
Вистинска не ќе ти стане
Доколку за тебе подеднакво не се бори
Ко ти
И вистински ќе те пресуши
И вистински само за навек ќе те убие.
И онаа тага твоја што на срце ти лежи
Темна е
Пред сон и на сон ти доаѓа секогаш
Чиниш ќе се впие во темнината на ноќта
А таа
Не се припива в темнината на ноќта
Не се губи при прв сончев зрак потоа
Туку ќе си замине тогаш кога ќе научиш
Најдобро да ја распознаеш
Најдобро да се одбраниш од неа
Најдобро да ја љубиш ко твоја единствена да е
Туку ќе си замине, ете, кога јако пиле срцето ќе ти стане
Кога ќе научиш дека со него в лет и животот поаѓа
Кога најмалку си надежен
Сосе тагата и целата среќа од вчера.
Мартина Јакимовска