Нобелова награда за литература се доделува секоја година (почнувајќи од 1901 г.) на автор од некоја земја кој според зборовите на Алфред Нобел од неговиот тестамент, го има напишано „најзначајното дело со идеалистички тенденции“. „Делото“ во овој случај се однесува на авторовиот опус, иако понекогаш се цитираат и поединечни дела. Шведската академија одлучува кој, доколку и воопшто има некој, ќе ја прими наградата во соодветната година, а неговото име го објавува во почетокот на октомври.
Изборот на Нобел да го вметне зборот „идеалистичко“ или „идеално“ (во македонски превод) како основен критериум при одбирањето на лауреатите е причина за многу контроверзии и несогласувања. (шведскиот збор idealisk може да се преведе и како „идеалистички“ и како „идеален“. Во почетокот на дваесеттиот век, Одборот за доделување на наградата се осврнува кон првото значење на зборот, и ова е единствената причина што автори од типот на Лав Толстој и Хенрик Ибзен не ја добиле Нобеловата награда.
Во последно време, зборот е сфатен во многу послободното значење, па Нобеловата награда за литература се доделува и на писатели чии дела се од големо значење, но и на такви кои се залагаат за почитување на човековите права. Вторава причина, за некои луѓе е причина да се додаде и политичка конотација на наградите.
Која е вредноста на наградата?
Вредноста на наградата варира, но денес изнесува точно 10 милиони шведски круни. Добитникот на наградата добива и златен медал и диплома, како и покана да одржи говор во текот на „Неделата на Нобел“ во Стокхолм. Церемонијата на доделувањето и банкетот се одржуваат на 10 декември. Нобеловата награда за литература за 2016 година ја доби поетот и музичар Боб Дилан, со образложение дека “креирал нови поетски изрази во рамките на големата американска традиција за песни”.
Споредено со некои други награди, постапката за номинирање и избор за Нобелова награда е долга и ригорозна. Ова е главната причина зошто наградите станаа се позначајни со текот на годините, дотолку што тие сега се најважните награди во нивните области.
Како се прави номинација за потенцијалните нобеловци?
Нобеловите нобеловци (лауреати) се избираат од страна на нивните соодветни комитети. За наградите за физика, хемија и економија, постои комитет кој се состои од пет члена кои се избрани од страна на Кралската академија на науките. За наградата за литература постои комитет кој има од четири до пет члена од Шведската академија. Во првата фаза од неколку илјади луѓе се бара да номинираат кандидати. Овие имиња внимателно се разгледуваат и за нив се расправа од страна на експерти во нивните конкретни дисциплини сè додека не останат само победниците.
Најверојатно токму ваквата бавна и темелна постапка, на која инсистирал Алфред Нобел, е она што на наградата ѝ ја дава нејзината значајност. И покрај сето ова, во текот на долгата едновековна историја на наградата постоеле и сомнителни награди и сомнителни пропусти. Формулари, кои претставуваат лична и ексклузивна покана, им се испраќаат на околу три илјади селектирани поединци со цел да се поканат да поднесат номинации. Потоа, Норвешкиот Нобелов комитет своите оценки ќе ги заснова врз номинациите испратени пред 3 февруари. Крајниот рок за поднесување номинации за физика, хемија, физиологија или медицина, литература и економија е 31 јануари. При самономинирање или номинирање на луѓе кои починале, номинациите се дисквалификуваат.
Што се случува со имињата на номинираните?
Имињата на номинираните никогаш не се објавуваат јавно, ниту ним им се соопштува дека се земени предвид за наградата. Досието за номинации останува запечатено во период од 50 години. Во пракса, понекогаш е можно некои од номинираните да бидат откриени. Исто така за публицистите е вообичаено да поднесат вакво барање, кое може или не мора да биде основано. Откако ќе помине крајниот рок, номинациите се проверуваат од страна на комитетот и се формира листа од приближно 200 прелиминарни кандидати. Оваа листа понатаму им се предава на одбрани стручни лица во соодветната област. Тие вршат елиминации сè дури не стасаат до приближно 15 имиња.
Комитетот поднесува извештај со препораки до соодветната институција. Постапката на избирање незначително се разликува во различните области. Многу ретко се случува наградата за литература да биде доделена на повеќе од едно лице во една година, додека другите награди често вклучуваат и двајца или тројца соработници.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.