Секој човек барем еднаш во животот снемал сила и желба за борење во тешките денови. Да ја спречиш солзата која тргнала е исто како да се обидуваш да не дишеш. Во моменти на тага и болка најдобро е да најдеме начин за ослободување од стресот. Секој од нас некогаш го исфрлил својот ,,бес” на погрешна адреса. Затоа што понекогаш и самата личност не може да го носи товарот. Затоа да најдеме начин за решавање на сите проблеми со помош на едноставен разговор. Да покажеме емпатии за луѓето и да пружиме рака. Па дури и една насмевка може да разубави нечиј ден па и живот. Да направиме разлика помеѓу емпатија и сожалување.
Не е во ред да ги наредуваме луѓето, затоа што сите ние сме еднакви. Да го искористиме животот најдобро што можеме, затоа што нема втор живот, нема втора шанса. Немаме толку време за губење во стресови и напорен живот. Секоја индивидуа треба да го преземе животот во своите раце но и одговорноста, бидејќи за сè што ни се случува сме одговорни самите ние! Префрлувањето на вината и избегнувањето нe прави само послаби и личности без цврст катактер. А човекот со брз карактер, и не е човек. Повеќето сакаат да се идеални, што според мене е погрешно, не треба да сме идеални, туку посебни, секој на свој начин.
Габриела Стоимановска