Skip to content

Поклони со книга – Сабахета Ета Мерсими

  • by

Книгата е првиот поклон кој го добиваш
со штрк на насловна страница
уште после раѓање.

Втората книга ја добиваш со сликовници
на првото препознавање на бои и животни светот запознавање

Третата е со букви шарени искривени мали и големи

А потоа четврта со приказни разни
и твоето стискање на омилени страни
Петата разни книшки, книги во градинка доаѓа букварот
и твоето прво запознавање со новата, учителка и генерација
А потоа се редат книги во чанта убава, тешко но вредна.
И доаѓа поклонот на омилена книга со песни и раскази за роденден од тато и мама за тебе дама..
А потоа во библиотека омилени поети и писатели барам..
Године се редат јас книги редам
И повторно поклони, сè додека решам да купам сама.
Полици полнам и секого молам да ме советува за книга некоја нова.
Книгите се дел од самите себе,
те учи, подучува на правилен пат упатува
Но времиња, се сменија On line разни песни, есеи,
раскази, романи и други дела.
Книгата е поклон од кој не се дели,
таа те учи, упатува дополнува,
со нови спознавања, и богаство на знаења.
Таа е нема години и дид лајн (deed line)
на старосна граница и крај.
Таа е мост помеѓу различности
не дели возраст, род, религија политика нити боја.
Книга е твојот најдобар другар на која,
се жалиш во која плачиш, издигаш имагинираш,
лажеш, сонот го кажуваш со нови зборови
учиш да пишуваш и љубов искажуваш.
Книга никого не повредува затоа чувајте ја како дијаманти и злато
Не дозволувај полиците да бидат само “image“ на украсна рамка
во твојата соба или
полица заборавена а книгите со прашина покриена.

23.04.2021

Сабахета Ета Мерсими

Напишете коментар