Иако читате книги, сепак, постојат некои работи кои не ги знаете за нив. Собравме некои интересни факти за книгите, е-книгите и за издаваштво во целина. Прочитајте ги во продолежние овие занимливи факти за книгите!
1. Седумнаесет од 100-те книги на Кindle во 2012 година се само објавени. Овој број се зголемува секоја година.
2. Се предвидува дека во рок од три години, 75% од книгите ќе се продаваат на интернет, а само 25% во книжарниците.
3. Првите печатени книги не го содржат името на авторот, па дури и насловот на насловните страници. Кориците сами по себе биле уметност и најчесто биле опфатени со цртежи, кожа дури и злато.
4. Најдолгата реченица испечатена се наоѓа во “Les Miserables” на Виктор Хуго (Victor Hugo). Таа е долга 823 збора.
5. Зборот “сајбер спејс” потекнува од новелата “Neuromancer” напишана од страна на Вилијам Гибсон (William Gibson) во 1984 година.
6. Кога станува збор за потеклото на неверојатните зборпви, поимот Yahoo, всушност доаѓа од романот “ Гуливеровите патувања” (“Gulliver’s Travels”) објавен во 1726.
7. Книгите кои се користеле биле оковани на полиците во библиотеките со цел да се спречи кражба.
8. Првата книга која е напишана со користење на машина за пишување била “Авантурите на Том Соер”.
9. Девојчето Алиса од “Алиса во земјата на чудата”, била Alice Lindell. Нејзиното семејство било пријател со авторот и тој ja напишал приказната за неа, кога таа имала 10 години.
10. Луѓето во Исланд читаат повеќе книги по жител отколку во било која друга земја.
11. Поранешниот американски претседател, Теодор Рузвелт, читал по една книга дневно.
12. Најстарата книга за готвење е напишана на глинена плоча од страна на Акадијците. Таа датира до 1750 п.н.е. (во време на Хамураби) и ги содржи најстарите познати рецепти за готвење.
13. Топ 3 најчитани книги во светот се: Библијата, Цитати од претседателот Mao Tse-Tung и Хари Потер.
14. Најскапата книга во светот била купена од страна на Бил Гејтс за $30,8 милиони. Таа била “Codex Leicester” од Леонардо Да Винчи.
15. Феноменот во светот и бестселерот на E.L. James „50 нијанси на сиво” за првпат била објавена на фан страна.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.