И самата не знам да ли знам, или само како низ сон се сеќавам на сè што беше.
И самата знам дека не треба да чекам.
Но, како да му објаснам на срцето дека напразно чека и дека веќе е доцна за сè…
Ги затворам очите со надеж дека помалку ќе боли но напразно. Тука си.
И повторно, проклето, не чувствувам ништо освен топлина.
А знам длабоко во себе дека таа ноќ кога си замина, на душава остави трага, копнеж, желба.
Таа ноќ, освен тоа што си замина, го прегази ветувањето во кое силно верував.
Ги прегази зборовите.
Ги прегази сите спомени и желби.
Го прегази срцето, мене.
И затоа ми крвари душата, страда и те бара.
Ме остави да се прашувам каде згрешивме и да ли можеби, јас сум виновна или, виновен си ти…
На левата страна пак, остави нешто што ти припаѓа.
Остави задачи за кои треба формула.
Остави мраз на кој му треба сонце.
Остави облаци на кои им треба дожд.
Остави небо на кое му треба ѕвезди.
Остави душа на која ѝ треба душа.
Остави прашања на кои само ти им го знаеше одговорот, го знаеше но никогаш не го кажа.
Само така, замина не знаејки што оставаш зад себе.
Не знаејки дека ќе те чекам за да ми објасниш.
Не знаејки дека ти припаѓам, и дека ми припаѓаш
Маринела Апостоловска