Ежен Анри Пол Гоген бил француски пост-импресионистички сликар. Развил специфичен стил од големите површини ограничени со црна боја кој бил сличен на технката витраж. Тој стил денеска се нарекува синтетизам, а бил и претходник на фовизмот. Пол Гоген е роден на 7 јуни 1848 година во Париз, а починал на 8 мај 1903 г. во местото Атуона.
Детство, младост и животни околности
„Сакав да воспоставам сопствено право да се осмелам да направам сѐ“. – Пол Гоген
Неговиот татко Кловис бил новинар и републиканец, а неговата мајка Ален Мари Шазел била ќерка на еден дрвосечач и Флора Тристан Москозо која била познат книжевник која го покренала прашањето за феминизам. Во 1851 година кога Наполеон трети дошол на власт со државниот удар, семејството Гоген го напуштило Париз и заминало во Перу. Во Перо татко му на Гоген се надевал дека ќе отвори новинарска агенција, но одненадеж починал.
Мајката Ален Гоген со синот Пол и ќерката Мери заминала во Лим, каде што живееле кај роднините неколку години. Семејството се враќа во Париз во 1854 година во Орлеан, каде Пол Гоген тргнува на училиште. Помеѓу 1856 и 1871 г. младиот Пол Гоген патува со брод ширум светот. Во 1865 г. со седумнаесет години Гоген заминал во Авра на брод со назив „Лузитанија“ кој одел за Рио де Жанеиро, на работно место поморец на трговска морнарица. Веќе следната година е унапреден во поручник и тргнал на тринаесетото месечно патување околу светот со брод под назив „Чиле“.
На тоа патување дознал дека мајка му починала. Од 1868 до 1871 г. морал да отслужи воен рок на бродот под назив „Жером-Наполеон“. Кога Гоген ја завршил својата воена обука, старателството над него го презел семениот пријател Густав Ароз, кој бил голем љубител на уметноста. Бил и колекционер на импресионистички дела.
Вљубување и стаување во брак
Густав Ароз го запознал Гоген со Пол Бурет, сопственик на берзанска агенција, кој го вработил. Исто така го запознал и со сликарот Емилио Шуфекнер, со кој почнал да црта и слика. Во 1872 година, Гоген ја запознала младата данка Мет Софи-Гад која била ќерка на судии за прекршоци и со која се оженил веќе следната година. Гоген со неа имал пет деца, Емилио, Алена, Кловис, Жан-Рене и Пол.
26 години поминало од раѓањето на љубовта на Гоген кон сликарството во 1874 година. Тогаш пред него се отвара патот на десетгодишното создавање, период во кој љубовта кон сликарството станувала сѐ поголема. Таа година била одлучувачка бидејќи тогаш била отворена првата импресионистичка изложба на слики. Во почетокот Пол Гогел одел на Академијата Коларос каде што сликал според живи модели.
Потоа ги открил импресионистите и почнал да ги собира нивните дела, бидејќи имал доволно пари работејќи во агенцијата. Неговото дело под назив „Предел Вирофлеј“ првпат излегло во 1876 година во Салон. На него се гледало влијанието од импресионистите, а набрзо станува ученик на Писоар. Пол Гоген не бил воодушевен од учењето на Писоар, па ги проучува и другите уметници како Коро, Курбе, Делакро, Сезан и Дега. Гоген експериментира со разни бои и уметнички форми како што се скулптура и резбарство.
Во тој период Гоген се дружел со импресионисти, а излегувал на Петта, Шеста и Седма импресионистичка изложба во 1880, 1881 и 1882 година. Писоаро го храбрел својот ученик и во летото 1879 година со него престојувал во Понтоаза. Писоаро му говорел да го развива својот сликараски талент преку природата. Во Понтоаза Гоген одел следните две лета и таму се запознал Сезан, прека кој веднаш стекнал голема почит.
Годината кога Гоген го напушта светот на финансиите и се посветува на сликарството
Во 1883 година, Гоген го напушта светот на финансиите и се одлучува целото свое време да го посвети на сликарството. Гоген се надевал дека од продажбата на слики ќе може да го издржува своето семејство, но надежите нарбзо исчезнале. Со семејството се преселил во Копенхаген, бидејќи жена му била данка, па таму се обидел да работи како продавач на платна, но без успех.
Во тој период имал самостојна изложба во Париз, но и таа била промаршување бидејќи Академијата набрзо затворила. Семејниот живот се покажал како неуспешен бидејќи семејството не можело да го разбере, па Гоген ги напуштил и заминал во Франција. Таму се вратил со најстариот син Емилио, а за да се смири од своето лошо искуство напишал: „Ја мразам Данска“.
Во тоа време бил накратко во Лондон каде го проучувал англиското сликарство и после тоа се вратил во Париз. Поради недостаток на финансии, продава едно Монеово дело за кое бил силно поврзан, па бил принуден да работи професии како што се лепење плакати. Се обидувал да работи административни работи кои му нуделе многу слободно време за да се подготви за последната, Осма импресионистичка изложба, одржана во пролетта 1886 година. Желбата за независнсот во 1886 г. Пол Гоген го тера да го помине летото во Понт Аван во Бретања, во сликарска колонија на независни уметници кои биле главно американски и англичани.
Неговата финансиска ситуација станувала сѐ полоша
На Гоген му изгледал дека токму на оваа колонија почнал да се одвојува од париското влијание и уживал во локалното живеалиште и говорел колку многу ја сака Бретања. Во 1887 година, поради лошата економска ситуација заминува на брод за Панама. Бидејќи ситуацијата со парите била сѐ полоша и полоша Гоген работел како копач на изградба на Панамскиот канал. Потоа замиал на карипскиот остров Мартиник.
Истата година Гогел се разболел од дизентерија и маларија, малку сликал, но тој престој на Мартиник бил одлучувачки за неговата кариера Кога се вратил во Франција, повторно пошол во Понт-Авен со сликарот Емилио Бернар со кој се запознал во текот на првото доаѓање во Понт-Авен.
Таму Гоген го создал „синтетизмот“, сликарска техника заснована на рамни обоени површини кои се обрабени со црна линија. Таа 1888 година на Гоген му била организирана самостојна излжба од страна на галеријаат Вусо и Владон во Париз. Младата генерација уметници Гоген го сметала за предводник на пиктуралниот симболизам.
Средбата со Ван Гог и забранет влез на светска изложба
На 21 октомври Гоген заминал во Арл, за да се види со Ван Гог кој го запознал две години порано, но нивниот однос се влошил поради постојаните расправии. Во една прилика, Ван Гог на Гоген му покажал чакија, за потоа себеси да си го отсече увото. Три дена откако Гоген го напуштил Арл, се вратил во Париз и оттогаш повеќе не го видел Ван Гог.
Во 1898 година кога била одржана светската изложба во уметничкиот павиљн во Париз, на Гоген и сликарите импресионисти, не им било дозволен влез. Огорчените сликари направила изложба на импресионисти и синтетисти во кафулето Волпин. Гоген тие години бил на врвот на своето уметничко создавање. Неговите форма и техника биле сѐ посигурни и довршени.
Тој сонува да отпатува и сакал повторн да оди во Мартиник и да направи ателје. После некое време избрал да оди во француската колонија Тахити, на јужниот Пацифик, сметајќи дека тоа е земја ја „занес, мир и уметност“. За да отиде на Тахити ја копирал Монеовата слика под назив „Олимпија“. На еден хотел му ги продал своите триесет слики за да си го финансира своето патување.
Заминување во Тахити и проштална забава
Своите деца и жената последен пат ги видел во Копенхаген. Ги посетил пријателите симболисти во кафулето Волтер во Париз. Во 1891 година, група уметници пријатели организирале проштална забава за Пол Гоген и неговото заминување во Тахити. На Тахити во селото Матаја, Пол Гоген живеел со англотахичанката Тити. Тука ја запознал и Техамана, која му станала модел.
Гоген на Тахити ја слика сликата под назив „Жена со гардении“, која ја испратил во Париз, а изложена била во Галеријата Бусо и Валадон. 1892-та година била најпродуктивна за овој уметник без оглед на неговата болест и немаштија. Благодарение на неочекуваното наследство од својот роднина, Гоген добил 9000 франаци, па во Париз изнајмува ателје каде се сместил со неговата љубовница. Тука Гоген приредил забава за уметниците на кои им читал приказни од својата илустрирала книга Ноа-Ноа.
Во ноември ги изложил четириесет и едната слика од Тахити, три од Бретања и неколку скулптури од дрво. Во 1895 година, Гоген направил аукција на своите слики за повторн да отпатува на Тахити. Аукцијата немала голем успех иако Мане купил две негови слики. Кгоа почина Гоген во 1903 година, на тој 8 мај, во негова чест во Галеријата Волар во Париз биле излжени педесет негови слики и дваесет и седум цртежи.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.