Кон брегот бродиме
Ние, –
осамените патувачи…
Разнишана умората боли!
Бараме начин
повторно да се родиме
повторно
в зорите голи.
А мислите разголени
треперат;
врз кожата на ноќта
немир гребе.
Со кајчето на надежта
се носиме.
ЗОРО
кон тебе,
поникната над клепките
натежнати.
И никој нема сила,
трошка од силата барем
запирка само да стави!
А точките ги мразиме.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.