Skip to content

Чекање – Матеја Матевски

На темната пружина вечерва
не мирува едно движење
Другар ми шепоти пак
познати имиња
и едно мало градче
провинциско.

Таго наша убава.
Не го гледам но добро го знам
Тоа испотено чело на копнежот:
едноличен регистар
од сувата кашлица на чекање
со две ладни ѕвезди во очите.
Кога го нема (напразно)
црвениот мускул на утрото
да се згусне
со рацете на малото девојче
што не е тука.

И долго, долго да не чека
крупното буре на ноќта
остриот млаз на денот
да го пробие
да бликне еден бел пат
широк пат
што ќе го однесе од тука.

Напишете коментар