Колку е добро кога имаме голем број на опции пред себе? Дали навистина сме среќни или мозокот нè залажува со својата интерпретација? Одговорот на овие две прашања го даваат двајца психолози: Бари Шварц во книгата „Парадокс на изборот“ и Даниел Гилберт во книгата „Митот за среќата“.
Парадокс на изборот
„После милион години преживување втемелено на едноставни разлики, можно е да сме биолошки неспремни на многуте избори со кои се соочуваме во современиот свет.“
Бари Шварц, американски психолог, 35 години минал во анализа на теоријата за ограничување на бројот на можности во животот или како што тој ја нарекува Паракокс на изборот. „Парадоксално е тоа што среќата е можеби во ограничување на изборот, а не во неговото ширење.“
Направил експеримент во кој две групи на студенти биле замолени да пробаат чоколада и да го оценат вкусот. Во едната група им била дадена кутија со триесет чоколади, а другата група добила кутија со шест. Студентите кои добиле помал избор биле многу позадоволни од чоколадите, дури и сакале да платат затоа што ги изеле. Сигурно би биле многу среќни ако имаме многу чоколади пред себе, но она што не го знаеме е нивниот квалитет. Кутијата со помалку чоколади била многу повкусна.
Исто така, Шварц приметува како технологијата нам би требало да ни заштеди време. Меѓутоа, со толку опции на интернет, ние всушност губиме голем дел од времето во пребарување. Кога ќе сфатиме колкав избор имаме, може да не донесеме никаква одлука. Дали непрестанато трагаме по нешто подобро? Логично е да бараме доволно добро, наместо најдобро. Зошто? За да направи најдобра споредба, Шварц ги поделил луѓето на два типа: „максимајзери“ и „задоволници“.
Максимајзерите се луѓе што не се задоволни додека не го достигнат најдоброто. Тие ги прошируваат своите можности во таа потрага. Задоволниците немаат време за тоа. Се задоволуваат со тоа што е моментално добро за нив. Не размислуваат за нешто подобро. Шварц се прашувал, со оглед на трудот што максимајзерите го вложуваат, дали ги донесуваат најдобрите одлуки? Иако максимајзерите можат да се одлучат за најдобриот можен избор, тоа не значи дека ќе бидат среќни. Задоволниците, од друга страна, застануваат таму каде што се среќни. Но како воопшто знаеме дека сме среќни?
Митот за среќата
Даниел Гилберт, професор по психологија на Харвард, ја напишал книгата „Митот за среќата“. Главниот став кој се анализира во целата книга може да се сведе на следната реченица: „Заради начинот на функционирање на мозокот, нашите предвидувања за тоа како ќе се чувствуваме во иднина не се секогаш точни, а тоа го вклучува и прашањето што ќе нè усреќи.“
Гилберт забележува дека луѓето се единствени суштества кои можат да размислуваат за иднината. Единствено ние имаме можност за извесно предвидување затоа што сме фокусирани на иднината исто колку и на сегашноста. Не можеме да одолееме, а да не го замислуваме идниот ден или наредната година.
Тоа најдобро може да го сфатиме преку љубовните односи. Кога ќе се заљубиме, нашите мисли константо се фокусирани на планирање на таа љубов и нејзино што подолго траење. Се губиме од сегашноста за да ја ѕирнеме иднината. Но не можеме со сигурност да знаеме дека нашите замисли ќе се остварат. Многу фактори може да влијаат врз нашите желби.
Гилберт истакнува дека мозокот може да ги прими сите човечки искуства, среќавања и знаење, па затоа не се сеќаваме на сè во целост, туку од сè запамтуваме по малку. На некој начин, мозокот сам не ослободува од небитните работи, како би направил место за поважните. Исто така мозокот може да создаде стварност која е толку добра, па ние да не можеме да направиме разлика меѓу таа стварност и реалната состојба.
Гилберт истакнува дека среќата е субјективна, велејќи: „Она што не прави среќни, ги нијансира сите наши сфаќања за тоа што е среќата. Но дури и нашите сфаќања за тоа што е среќа се менуваат во различни периоди од животот.“.
Прочитајте за 19-те нешта кои не ги должите никому.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.