Постојам во еден миг само,
Во една секвенца кај што
срце те бара, а не може да те најде,
Те знам – не те знам, ќе умрам – saudade.
Времето изминува ко лента раскината,
во секој пиксел само вистината:
Мора да се живее,
Мора љубов да се краде,
Не можам веќе, уморна сум – saudade.
Телото се превиткува во столицата,
Умот се ниша на ивицата,
Мислам во ќошот те гледам –
трепериш ко пламен,
штом светло палам те нема
и пак saudade.
Saudade, saudade, saudade.
Фалиш низ животи –
Дојди, научи ме лекции,
Изгори ме – да боли, да јаде,
Научи ме да не бидам човек,
туку чувство – saudade.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.