Ви претставуваме една занимлива шеговита метафора за начинот на кој се креира корпоративната политика во една компанија. Прочитајте ја во продолжение!
Почнете со кафез во кој се наоѓаат пет мајмуни. Внатре во кафезот на коноп закачете банана, а под нејзе ставете скали. Набрзо еден од мајмуните ќе почне да се качува кон бананата. Штом ќе пријде до скалите, испрскајте ги сите мајмуни со ладна вода. После некое време и друг мајмун ќе се обиде да ја дофати бананата.
Штом ќе им пријде на скалите, испрскајте ги сите мајмуни со ладна вода. Наскоро кога еден мајмун ќе се обиде да ја дофати бананата сите осатнати ќе се обидуваат да го спречат. Тогаш можете да ја укинете ладната вода. Исфрлете еден мајмун од кафезот и доведете друг. На негово изненадување сите останати мајмуни ќе почнат да го напаѓаат.
После уште еден обид и напад, мајмунот знае дека ќе биде нападнат ако се обиде да се качи на скалите. Заменете уште еден од старите мајмуни со нов. Штом новиот мајмун ќе почне да се качува по скалите – ќе биде нападнат. Претходниот новајлија со ентузијазам му пристапува на ова казнување! На ист начин постепено заменете ги сите стари мајмуни со нови. Секој нов мајмун ќе биде нападнат штом се обиде да се качи по скалите.
Повеќето мајмуни кои го тепаат немаат појма зошто не е дозволено качување по скалите, но за ништо учествуваат во тепањето на новајлијата. Бидејќи ја заменивте целата почетна постава на мајмуните, ниеден од преостанатите мајмуни никогаш не беше испрскан со ладна вода. Сепак, ниеден мајмун не се обидува да се качи по скалите за да ја дофати бананата. Зошто? Бидејќи колку што знаат тие – тука се работело така отсекогаш. И така настанува политиката на компаниите…
Прочитајте ја и кратката приказна со наслов „50 евра“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.