Skip to content

Промовирано делото „Структура на кристали“

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) беше промовирано делото „Структура на кристали“ од авторите Глигор Јовановски и Петре Макрески…

На промоцијата се обрати претседателот на МАНУ, Таки Фити, кој рече дека станува збор за прво уникатно издание посветено на таа проблематика.

– Ова е прва книга од оваа област во Република Македонија. Оваа книга не е битна само за хемичарите. Природата на материјата е таква што со неа се занимаваат уште многу други научни области, како што се физиката, биологијата, медицината, фармацијата, градежништвото, металургијата итн., истакна Фити.

Додаде дека книгата е резултат на долгогодишната научна прекупација на двајцата автори со таа значајна проблематика.

Промоторот на изданието Љупчо Пејов рече дека делото се состои од три дела: Геометриска кристалографија, Основа на кристалохемија и Рендгенската структурна анализа.

– Делото ќе служи како универзитетски учебник и ќе биде учебник за студентите од вториот и третиот циклус, додаде Пејов.

Преземено од: cooltura.mk

Напишете коментар