Ти си цар и крал на небесата,
ти си Алфа и Омега на Земјата,
ти си плач и смеа на децата,
ти си страв и трепет на шумата,
ти си водич и мапа на толпата,
ти си орел и Сонце и темница,
ти си плевел и ден и Месечина,
Ти си цар и крал на дивината,
ама, потивко пред мене,
зошто јас сум таа што те родила.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.